9.8 C
Skopje
четврток, 5 февруари 2026

Дончиќ и Леброн го наполнија кошот на противникот, но Лејкерс загуби (Видео)

Екипите на Оклахома сити тандерс и Сан Антонио спарс се пласираа во полуфиналето на НБА-купот откако славеа во дуелите против Феникс санс, односно Лос Анџелес лејкерс. Ова натпреварување сега се сели во Лас Вегас, каде што ќе се играат полуфиналните дуели меѓу Оклахома – Сан Антонио и Орландо – Њујорк. Финалето ќе биде следниот вторник.

Оклахома поставува нови стандарди во НБА откако стигна до 16-тата победа сезонава и вкупно 24-та во 25 меча. Актуелните шампиони буквално го понижија Феникс и на крајот славеа со 138:89. Шеј Гилџес Александер постигна 28 поени погодувајќи 11 од 15 шутеви од поле, додека Чет Холмбрен заврши со 24 поени и осум скока. Кај Феникс прв стрелец беше Брукс со 16 поени.

Лос Анџелес лејкерс неочекувано загуби на свој терен од Сан Антонио со 132:119. Лука Дончиќ беше одличен кај Лејкерс и постигна 35 поени, додека Леброн Џејмс додаде 19 поени, но не успеаја да го спасат нивниот тим од пораз.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести