Дончиќ и Леброн не можеа сами: ЛА лејкерс загуби и од најнеефикасната екипа во НБА-лигата (Видео)

Кошаркарите на ЛА лејкерс го доживеаја и третиот пораз по ред, односно седмиот на последните 10 меча откако загубија на гости и од најнеефикасната екипа во НБА-лигата, Орландо меџик со 118-106. Лука Дончиќ со 32 и Леброн Џејмс со 24 поени, постигнаа над половина од поените на Езерџиите, но и тоа беше недоволно да се совлада екипата која оваа сезона постигнува во просек по 104,8 поени на натпревар.

Лејкерси имаа предност од два поени на полувремето, но клучна за поразот беше третата четвртина, која им припадна на домашните со 34-18.

Резултати:

Индијана – Минесота 119-103
Орландо – ЛА лејкерс 118-106
Вашингтон – Торонто 104-112
Бруклин – Далас 101-120
Њу Орлеанс – Филаделфија 112-99
Денвер – Чикаго 119-129
Феникс – Милвоки 108-106
Сакраменто – Бостон 95-113

- Оглас -

Најнови вести