Дончиќ и Леброн незадржливи, ЛА лејкерс победи осми пат по ред (Видео)

Лука Дончиќ и Леброн Џејмс се најзаслужните за новата, осма победа по ред на ЛА лејкерс, овојпат над Њујорк никс од 113-109, но дури по продолженијата. Словенечкиот интернационалец го заврши мечот со 32 поена, седум скока и 12 асистенции, додека легендарниот Леброн Џејмс уфрли 31 поен, на кои додаде и 12 скока и осум асистенции.

Натпреварот во регуларното време заврши нерешено 99-99 откако во финишот „Езерџиите“ имаа водство од три поени разлика, но гостите се спасија од пораз и се изборија за продолжение.

 Резултати:

Орландо – Чикаго 123-125
Атланта – Индијана 124-118
Бостон – Филаделфија 123-105
Бруклин – Голден стејт 119-121
Њу Орлеанс – Хјустон 97-109
ЛА лејкерс – Њујорк 113-109 (99-99)

- Оглас -

Најнови вести