Дончиќ и Леброн со 30+ поени ги предводеа Далас и Лејкерс до победи

Од десетте меча во НБА лигата кои се играа утрово, гостите победија дури на шест. Домашниот терен го одбранија само Кливленд, Филаделфија, Далас и Лејкерс.

Лука Дончиќ повторно беше најдобар на теренот, а кога е така Далас најчесто победува, а овојпат „жртва“ беше Портланд. Дончиќ заврши со 33 поени, во меч на кој Далас одигра одлично во втората и третата четвртина, па во последните 12 минути домаќините влегоа со огромна предност од 25 поени и победникот беше решен.

Леброн Џејмс беше вистински предводник на Лејкерс во победата на Денвер. Кралот Џејмс постигна 30 поени, а имаше и девет скока, а за тимската игра на Лејкерс покажува и фактот дека вкупно седуммина играчи на домашниот тим беа со двоцифрен број на поени. На спротивната страна Никола Јокиќ со 25 поени беше најефикасен во тимот на Денвер.

Без Стеф Кари, Дејмонд Грин и Андре Игудала, Голден Стејт делува немоќно, па не е изненадување поразот на Воините на гости кај Филаделфија со 118:106. Ембин со 34 поени беше најрасположен во победничкиот тим, а Харден додаде 27 поени за Филаделфија.

Резултати: Шарлот  Атланта 106:125, Детроит – Сакраменто 113:122, Бостон – Орландо 109:117, Кливленд – Индијана 118:112, Филаделфија – Голден Стејт 118:106, Торонто – Бруклин 116:119, Чикаго – Њујорк 91:114, Оклахома – Минесота 110:112, Далас – Портланд 130:110, ЛА Лејкерс – Денвер 126:108.

- Оглас -

Најнови вести