Попладнево беа извлечени двојките за четвртфиналната фаза од Купот на Шпанија, а парот кој привлекува најголемо внимание е оној помеѓу Албасете и Барселона. Иако се работи за двобој на екипа од долниот дел на Втората лига и лидерот во Ла Лига, сепак Албасете во осминафиналето го исфрли Реал Мадрид, а сега ќе има можност да се судри и со Барселона.
Овие две екипи немаат одиграно меѓусебен натпревар од 2005 година, кога Албасете последен пат играше во Ла Лига.
Двојки – четвртфинале:
Албасете – Барселона
Алавес – Реал Сосиедад
Валенсија – Атлетик Билбао
Бетис – Атлетико Мадрид
Натпреварите од четвртфиналето се играат на четврти февруари.

