Дончиќ и Марјановиќ се загреваа со српско оро, Американците гледаа зачудено (Видео)
Балканците се фатија рака под рака и заиграа оро на паркетот во Далас.

Лука Дончиќ и Бобан Марјановиќ често знаат да ги насмеат своите клупски колеги, а овојпат тоа го направија со играње на српско оро за време на загревањето пред мечот на Далас маверикс со Бостон селтикс. Дел од соиграчите се обидуваа да го фатат ритамот, па и тие да заиграат.
Ваквиот начин на подготовка им се исплатеше бидејќи Словенецот со српско потекло Дончиќ со две луди тројки му донесе победа на својот тим, а и српскиот центар одигра добро, за 12 минути на теренот даде 10 поени.
Luka Dončić and Boban Marjanović dancing a pre-game Kolo is EVERYTHING 😂 As a fellow Balkan, this make me happy to see 🤧 pic.twitter.com/wcuxNvZ6eM
— nisa ☪︎ (@mjzibanedad) February 24, 2021