Дончиќ ќе биде на Олстарот, но во натпреварот во „вештини“

Дебитантот Лука Дончиќ освен на натпреварот „ѕвезди во подем“, ќе учествува и на саботната програма од Олстар-викендот во НБА, на натпреварот во вештини. На Словенецот кој доби многу гласови од фановите, според многумина му беше направена неправда со тоа што нема да игра на главниот Олстар, па ова е утешна награда.

На натпреварувањето во вештини освен Дончиќ, ќе се појават и: Никола Јокиќ, Никола Вучевиќ, Мајк Конли, Џејсон Тејтум, Тре Јанг, Деарон Фокс, и Кајл Кузма.

Во шутирање тројки се потврди дека еден против друг ќе се натпреваруваат браќата Стеф и Сет Кари. Ривали ќе им бидат: Крис Мидлтон, Кемба Вокер, Демиен Лилард, Дени Грин, Девин Букер (лански победник), Џо Херис, Бади Хилд и Дирк Новицки.

Најатрактивно натпреварување, секако, се забивањата, а на листата на кандидати за најдобар забивач ќе има четворица млади кошаркари. Публиката ќе гледа како ќе забиваат Денис Смит џуниор, Мајлс Бриџис, Џон Колинс и Хамиду Диало.

- Оглас -

Најнови вести