Дончиќ ќе им го сврти паметот во НБА

Лука Дончиќ ноќеска за првпат ќе ја почувствува магијата на НБА-лигата, а со неговиот Далас гостува во Феникс. Словенецот на 19 години ќе дебитира во најсилната кошаркарска лига откако лани ја покори Европа, а неговиот поранешен соиграч од тимот на Реал Мадрид, Серхио Љуљ, вели дека Дончиќ ќе биде голема закана за сите противници.

„Сметам дека ќе се снајде без проблем. Лука е многу интелигентен кошаркар, одлично ја разбира играта. Ако противникот му остава простор, тој ќе му го сврти паметот, на сите ќе им го прави тоа“, вели Љуљ.

Далас маверикс ноќеска, од 4.30 часот, ќе биде гостин кај „сонцињата“ од Феникс, мечот е предвиден како последен од програмата во која се играат вкупно 11 дуели. Гостите ќе мора да бркаат победа без ветеранот Дирк Новицки, како и еден од најдобрите во тимот, Харисон Барнс, па ова ќе биде одлична шанса за Дончиќ да блесне уште во првиот меч од регуларната сезона.

 

 

- Оглас -

Најнови вести