Дончиќ ќе му пресуди на Мајами, Клиперси загреани за петти триумф во низа

Лука Дончиќ (Далас маверикс – Мајами хит – 02:30ч, НБА лига)

Фантастичниот Дончиќ ќе стави крај на низата победи на Мајами во дуелите против Далас. Жешките од Флорида ги добија последните четири пресметки против Маверикс, но во овој меч се очекува доминација на Словенецот бидејќи е во извонредна форма. Ова ќе биде втор меч кој Далас ќе го игра во Мексико сити, а како најава дека Дончиќ повторно ќе блеска гарантира неговата претходна партија во главниот град на Мексико против Детроит. Лука заврши со трипл-дабл од 41 поен, 12 скока и 11 асистенции, јасно е дека е загреан да приреди уште едно шоу.

Мајами беше во добра форма пред да се соочи со Лејкерс, најефикасниот тим од Западот, но и по седмиот овосезонски пораз некогашкиот првак го држи третото место во источната конференција. Треба да се знае дека во составот на Хит ќе недостасува искусниот Горан Драгиќ, така што само еден Словенец ќе биде на теренот.

Предлог тип: Дончиќ >29,5 поени (1.87)

 

Чикаго булс – ЛА клиперс (02ч, НБА лига)

Динамичното дуо на Клиперс, Ленард и Џорџ претходната ноќ ја растурија Минесота со комбинирани 88 поени за четврта победа во низа. Но, ѕвездите кои ги предводи Док Риверс се главни за нов триумф, а Чикаго им е противник по мерка да биде петта црта во низата. Клиперс воедно држат одличен биланс против Биковите, ги добија последните седум меѓусебни средби од кои три се токму во „Јунајтед центарот“.

Мириса на четврто славење за Клиперс по ред во кошаркарската Мека, Чикаго нема квалитет да парира на расположените Ленард и Џорд, така што може да се очекува и убедлива победа на гостите, иако Риверс ноќеска нема да смета на секогаш корисните Лу Вилијамс и Патрик Беверли.

Предлог тип: 2-2 (2.0)

 

Торонто репторс – Бруклин нетс (01:30ч, НБА лига)

Торонто мора да ја поправи формата бидејќи малку по малку заостанува зад водечките екипи на Истокот. Пресметката против Бруклин е добра шанса за актуелниот првак да се исправи по поразот во дербито против Клиперс, бидејќи за Нетс ноќеска нема да игра Кајри Ирвинг. Екскошаркарот на Кливленд го пропушти и поразот од Шарлот, така што Бруклин нема на кого да се потрпе на ова тешко гостување во Канада.

Торонто има право да се надева на победа бидејќи во последните 18 дуели против Бруклин, славеше во дури 17 од нив, а моментално се во низа од четири победи против Нетс.

Предлог тип: 1 хен. -7,5 поени (1.88)

 

Хјустон рокетс – Детроит пистонс (03ч, НБА лига)

Хјустон има 4-1 скор и според актуелната форма треба да ја добие средбата против Детроит. За тоа ќе се погрижи расположениот Харден, со надеж дека не ја потроши целата муниција во шоуто против Орландо кое го заврши со неверојатни 54 поени. На Брадата обично му оди од рака во низа да ја надминува границата од 40 поени, а кога Харден игра на високо ниво, Хјустон делува доста опасно.

Секако тука е и Вестбрук да помогне ако треба, за Рокетс да им го нанесе 10-от овосезонски пораз на Пистонс на гости.

Предлог тип: 1-1 (1.88)

 

Денвер нагетс – Оклахома сити тандер (03ч, НБА лига)

Денвер ја брка „среќната седмица“ против Оклахома во меѓусебните дуели, а знаејќи дека Јокиќ и компанија добро го чуваат домашниот терен, Грмотевиците подобро да не се надеваат на позитивен исход во нивна полза. Денвер речиси две години ја држи победничката серија против Оклахома, а по триумфот над Портланд може да се очекува уште една победа во „Пепси центарот“.

Оклахома загуби вкупно 8 меча сезонава на гостински терен, додека во Колорадо последен пат славеше во октомври 2017 година. Речиси е сигурно дека Денвер ќе слави убедливо, последните три дуели против Тандес ги доби со 9 или повеќе поени разлика.

Предлог тип: 1 хен. -8,5 поени (2.15)

 

- Оглас -

Најнови вести