Легендарниот НБА кошаркар, Реџи Милер, ја критикуваше ѕвездата на Далас маверикс, Лука Дончиќ, поради неуспешната сезона и неговиот несериозен пристап кога станува збор за физичката подготвеност.
Далас за прв пат од 2019 година, нема да игра во плејофот, а дури не обезбеди пласман во плејин турнирот бидејќи управата одлучи во завршницата од регуларниот дел од сезоната, да ги одмори двете ѕвезди Кајри Ирвинг и Лука Дончиќ, со цел да се обиде да дојде од еден од првите десет избори на годинешниот драфт.
„Лука Дончиќ мора да биде во подобра физичка форма, а Далас како тим мора да повеќе да трча. Мислам дека дека тоа го правеа кога Дончиќ не играше и кога Кајри ја водеше екипата на теренот. Мислам дека Далас е многу подобар тим кога игра побрза кошарка и токму така сака тренерот Џејсон Кид и да играат. Тој сака да играат брзо, но кога Лука е таму, тоа не го прават. Мислам дека кога би бил во подобра форма и да може да игра побрзо, тогаш би правеле поголем притисок врз противниците. Да бидеме реални, Лука Дончиќ мора да се погледне во огледало и да се запраша: Што можев подобро да направам. Мислам дека Лука во овој момент има највеќе килограми откако е во НБА“, рече Милер.
Далас регуларниот дел од сезоната го заврши на 11-та позиција на табелата во Западната конференција со скор од 38 победи и 44 порази, а Дончиќ просечно постигнуваше по 32.4 поени по натпревар и беше втор стрелец во лигата.