Мекалистер е херојот на Ливерпул: Со гол во 97-мата минута донесе три бода (Видео)

Ливерпул многу потешко од очекуваното дојде до трите бода на гостувањето кај Нотингем Форест. Голот на Алексис Мекалистер во 97-мата минута беше доволен за „црвените“ да триумфираат и да се искачат на четвртата позиција на табелата со 46 бода, по еден повеќе од Челзи и Манчестер јунајтед.

Аргентинецот само неколку минути претходно постигна гол и тоа на комичен начин, но тој беше поништен по реакција од ВАР-собрата поради играње со рака, односно голот го постигнал со рака.

 

- Оглас -

Најнови вести