Дончиќ „му го испи мозокот“ на противникот (Видео)

Со трипл-дабл и нов рекорд во историјата на НБА лигата, Лука Дончиќ уште еднаш го покажа целиот свој талент. Словенецот беше незадржлив во драматичната победа на Далас против Сакраменто од 114:110. Дончиќ стана најмладиот играч кој успеа да даде 30+ поени, 20+ скока и 10+ асистенции на еден меч. Извештајот од тој дуел може да го прочитате ТУКА.

За тоа колку е тешко да се чува Дончиќ најдобро почувствува Кори Јосеф. Канадскиот играч од редовите на Сакраменто во еден напад не знаеше каде е Лука и едноставно се изгуби на теренот.

Во синоќа одиграните мечеви: Бруклин – Милвоки 119:116, Индијана – Орландо 120:109, Мајами – Бостон 112:106, Портланд – Хјустон 110:102, ЛА Клиперс – Феникс 115:117.

- Оглас -

Најнови вести