Лука Дончиќ со уште еден „луд“ подвиг: Нов трипл-дабл и нов рекорд во НБА

Лука Дончиќ уште еднаш покажа зошто е една од најголемите ѕвезди во НБА лигата. Младиот Словенец беше незадржлив на дуелот против Сакраменто, а во таква ситуација Далас најчесто победува. Овојпат Маверикс славеа со 114:110, но дури по продолжение од пет минути.

Сакраменто кој реално нема шанси за влез во плеј-офот, одлично го отвори мечот и поведе со 37:27 по првата четвртина, а водството на Кралевите остана и на полувреме (60:56). Далас ниту во второто полувреме во ниту еден момент не беше во водство, но на крајот победи.

Сакраменто водеше со 95:89, а Далас со серија од 6:0 стигна до нерешено и продолжение од пет минути во кое фаворитот конечно стигна до посакуваната победа.

Дончиќ за 43 и пол минути игра на крајот заврши со 34 поени, 20 скока и 12 асистенции. Овој биланс му беше дововолно Дончиќ да стане најмладиот играч во историјата на НБА кој на еден дуел имал 30+ поени, 20+ скока и 10+ асистенции. На Лука тоа му успеа со 21 година и 158 денови.

Најголемото изненадување ввечерва го направи Бруклин кој успеа да го победи Милвоки со 119:116.

- Оглас -

Најнови вести