Лука Дончиќ стана најмладиот кошаркар во историјата на НБА кој постигнал седум тројки на еден натпревар, имаше личен рекорд од 34 поени, но тоа не беше доволно за да ја добие довербата да одлучува во последните секунди на дуелот со Њу Орлеанс пеликанс.
На 4 секунди до крајот, при 114-112 за Пеликанс, Маверикс имаше топка од страна, и шанса со два поени да изедначи и да се избори за продолжение, или со тројка да победи. Убедливо најрасположен играч кај „дивите телиња“ беше Словенецот, но тренерот Рик Карлајл, на тајм-аутот нацрта акција која требаше да ја заврши Денис Смит џуниор, бидејќи знаеше оти противникот ќе биде фокусиран кон Дончиќ, па сакаше да ги изненади. Смит не даде кош, а реакцијата на Дончиќ кој беше далеку од кошот, кажува многу.
Погледнете: