4.8 C
Skopje
сабота, 31 јануари 2026

Дончиќ направи трипл-дабл за само 19 минути, победнички камбек на Јокиќ

Богатата вечер во НБА лигата ја одбележа неверојатната партија на Лука Дончиќ кој со 37 поени, 13 асистенции и 11 скока го предводеше ЛА Лејкерс до победа над Вашингтон од 142-111, а воопшто не влезе во игра во последната четвртина.

Она што го направи Лука во првото полувреме ретко се гледа. Тој за само 19 минути игра направи трипл-дабл и имаше 26 поени, надополнети со 10 скока и 11 асистенции.

Никола Јокиќ се врати на паркетот за првпат во 2026 година (пропушти 16 меча), и имаше стандардно доминантна партија со која придонесе за победа на Денвер против ЛА Клиперс од 122-109. Србинот имаше 31 поен, 12 скока и пет асистенции и тоа за 25 минути игра.

Еден од поинтересните дуели синоќа беше Голден стејт – Детроит, победија гостите со 131-124. Најдобриот тим на Истокот во првото полувреме даде 77 поени, што е најмногу за еден противник на Вориорс сезонава.

На Кливленд му заврши серијата од пет победи по ред, Орландо со пресврт во последната четвртина дојде до победа над Торонто од 130-120. Егор Демин на 34 меча по ред дава барем по една тројка и тоа е нов НБА рекорд за еден дебитант во историјата на лигата. Демин кој и9гра за Бруклин, имаше партија на кариерата со 25 поени и 10 скока што му се лични рекорди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести