Дончиќ не можеше сам, Словенците „си зедоа слободен ден“ на гостувањето кај Германија

Германија ја надигра Словенија со неочекувано убедливи 90-71 во квалификациите за Светско првенство, по што станува јасно дека Германците ќе играат на Мундобаскетот следната година.

И актуелниот европски првак Словенија, е во добра позиција да се пласира на СП, но ќе мора да се потруди на следните мечеви во ноември и февруари, кога ќе ги нема на располагање НБА ѕвездите Дончиќ и Драгиќ.

Лука Дончиќ попладнево одигра солидно, имаше 23 поени, шест скока и пет асистенции, но освен него, само уште Мајк Тоби со 12, имаше двоцифрен број поени кај Словенија. Во германскиот тим, четворица кошаркари имаа 11 или повеќе поени.

Германија имаше дури 29 скока повеќе, а и 11 асистенции плус во однос на гостите кои дефинитивно потфрлија.

- Оглас -

Најнови вести