Словенците брзо го преболеа поразот од БиХ и вечерва во Келн покажаа зошто се актуелни европски шампиони.
Словенија ја совлада Германија со 88-80 и сега двата тима заедно со Франција ги делат првите три места во групата со по три победи и еден пораз во четири кола. Лука Дончиќ со 36 поени, 10 скока и 4 асистенции беше предводник на Словенците, а Горан Драгич уфрли 18 поени.