Дончиќ си го израмни рекордот и го заврши ноември со просек трипл-дабл по меч

Лука Дончиќ повторно доминираше на паркетот, постигна 42 поени против Феникс санс и си го израмни личниот рекорд по број на поени во НБА лигата.

Далас го победи Феникс со 120:113, а Лука е само третиот кошаркар во историјата на НБА лигата, што во ист месец имал трипл-дабл во просек, а притоа постигнувал по 30, или повеќе поени просечно на натпревар.

Во ноември просекот му е 32.4 поени, 10.3 скока и 10.4 аистенции. И ноќеска беше на прагот на трипл-дабл со 42 поени, 11 асистенции и 9 скока.

Интересно е што втората ѕвезда на Маверикс, Кристапс Порзингис ги промаши сите 8 удари од поле и го заврши мечот со само два поени, постигнати од слободи фрлања.

Тим Хардавеј јуниор постигна 26 поени со погодени 6 од 9 тројки и му помогна на Дончиќ да го одведат Далас до 12-та победа сезонава.

Повеќе поени од Дончиќ ноќеска постигна Тре Јанг, вкупно 49 во регуларен дел и продолженија за Атланта хоукс, но неговиот тим загуби со 104:105 од Индијана пејсерс. И Јанг си го израмни сопствениот рекорд во НБА исто како и Дончиќ.

Двајцата кошаркари беа главни кандидати лани за наградата најдобар дебитант на сезоната, а статуетката замина кај Дончиќ.

Резултати: Детроит – Шарлот 107:110, Орландо – Торонто 83:90, Кливленд – Милвоки 110:119, Њујорк – Филаделфија 95:101, Индијана – Атланта 105:104 по продолжение, Мемфис -Јута 94:103, Мајами – Голден стејт 122:105, Оклахома – Њу Орлеанс 109:104, Сан Антонио – Л.А. Клиперс 107:97, Феникс – Далас 113:120, Портланд – Чикаго 107:103, Л.А. Лејкерс – Вашингтон 125:103.

- Оглас -

Најнови вести