Работнички го победи Арсими и останува „жив“ во борбата за спас од испаѓање

Работнички стигна до многу вредна победа откако со 2:0 славеше над Арсими во меч од 28. коло на Прва фудбалска лига на Македонија. Со оваа победа Работнички стигна до 28 бодови и останува на 10-тото место на табелата кое носи испаѓање од елитното друштво, но сепак има реални шанси да се бори за деветото па дури и осмото место кои водат во плеј-аутот, односно бараж за спас.

Во првото полувреме немаше голови, а на почетокот од вториот дел, односно во 54 минута Работнички изведе одличен напад, кој со погодок го круниса Сухељ Муарем за водство на домашниот тим.

Во продолжение на мечот, Арсими постојано се обидуваше да стигне до израмнување, но одбраната на домашниот тим беше на ниво на задачата. најдобрата шанса Арсими ја имаше во 87 минута, но Мерџани успеа да спаси чист погодок откако со глава ја исфрли топката од самата гол-линија.

Во последните моменти од мечот, односно во 90+3 минута, Хоџа кој во игра влезе во второто полувреме, ги постави конечните 2:0 за Работнички.

 

- Оглас -

Најнови вести