Дончиќ со порака која треба да ја слушнат сите македонски спортисти

Лука Дончиќ е вистински предводник на Словенија на кошаркарскиот турнир во Токио. Словенија за првпат е дел од Олимписките игри, а игра перфектно. Има четири сигурни победи и успеа да се пласира во полуфиналето, што значи дека е на чекор од освојување медал.

Перфектен е билансот на Дончиќ во националниот дрес, па нема да биде чудо ако Словенија успее да се пласира и во финалето на турнирот. По денешната победа над Германија, Дончиќ упати порака преку социјалните мрежи.

„Меѓу најдобрите во светот, а земја само од два милиони жители. Неверојатно чувство“, напиша Дончиќ. Словенците кои пред неколку години беа и европски прваци во кошарка, само потврдуваат дека и помалите земји може да бидат одлични во екипните спортови и да им држат лекции на земјите како што се Германија, Шпанија…

Според површината и бројот на жители, Словенија е речиси иста како Македонија, но, за жал, нашата кошарка е на дното во европски рамки.

 

- Оглас -

Најнови вести