Дончиќ со постигнување кое не е за верување до победа над шампионот на гости

Далас маверикс славеше на теренот на Милвоки бакс со 118:112 и овој триумф беше доволен за тимот предводен од Лука Дончиќ да си обезбеди сигурно место во плејофот. Токму Дончиќ беше предводник на победничкиот тим. Словенецот одигра фантастичен меч и на крајот заврши со 32 поени, 15 асистенции и осум скока.

Токму билансот по дуелот со Милвоки покажува каков феномен е Дончиќ. Од почетокот на сезоната 2019/20 до сега, Дончиќ одиграл повеќе мечеви на кои имал скор од 30+ поени, 15+ асистенции и осум плус скокови од сите останати НБА кошаркари. Словенецот во изминативе три сезони има девет вакви средби, а сите останати НБА играчи може да се пофалат со вкупно осум средби со таков биланс.

Во вториот меч кој се одигра вечерва, Босон немаше милост против Вашингтон и славеше со 144:102.

- Оглас -

Најнови вести