Лука Дончиќ и Бобан Марјановиќ одиграа партија тенис како загревање за почетокот на новата сезона во НБА лигата, а имаше и комични ситуации, што се објавени на социјалните мрежи.
Марјановиќ се обиде со бекхенд удар во еден момент, но го промаши топчето, а коментарот од Словенецот беше: Дупнат ти е рекетот.
https://twitter.com/HoHighlights/status/1336080903374839810?s=20
Новата НБА сезона ќе почне за две седмици и поради пандемијата со Ковид-19 кошаркарите немаа многу време за одмор по продолжената ланска сезона, во која Лос Анџелес лејкерс ја освои титулата.