Донесе трофеј во Болоња по 51 година и доби нов двегодишен договор

По историскиот триумф во Купот на Италија, каде што Болоња го совлада Милан со 1-0, тренерот Винченцо Италијано ја доби заслужената награда, нов договор до 2027 година.

Клубот, во екстаза од освоениот прв трофеј по повеќе од половина век, веднаш ја запечати иднината со човекот кој им ја врати славата.


„Среќни сме што ја продолжуваме соработката со Италијано. Ова беше нашата желба уште од стартот“, рече директорот Клаудио Фенучи.

За Италијано, ова е повеќе од договор – тоа е потврда за неговата визија.
„Среќен сум што останувам тука. Очекувам возбудлива сезона со многу нови предизвици“, изјави стратегот по потпишувањето на договорот.

Иако се шпекулираше за негово преминување во Милан, Италијано ја избра стабилноста и проектот во Болоња. Според „Газета дело Спорт“, новиот договор му носи 3 милиони евра годишно, плус бонуси.

Италијано има богато искуство, три години со Фиорентина, два финалиња во Конференциската лига и едно загубено финале во Купот на Италија. Но, токму со Болоња го скрши малерот и стигна до трофеј, со што ја отвори новата, победничка ера на „Ренато Дал’Ара“.

- Оглас -

Најнови вести