Дориан Бабунски се враќа во Унгарија, потпиша за Ниреѓихаза

Македонскиот напаѓач Дориан Бабунски после две години се враќа во Унгарија и ќе заигра за Ниреѓихаза, клуб со кој денеска потпиша двегодишен договор.

Ниреѓихаза минатата сезона беше на осмо место во унгарската лига, а Бабунски ја познава лигата бидејќи претходно настапуваше за Дебрецин.

„Многу сум среќен што се приклучив на клубот. Една од најдобрите сезони во кариерата ми беше кога играв во Унгарија и голема чест е што сега можам да се борам и да играм за Њиреѓхаза. Клубот, персоналот и играчите ме пречекаа фантастично. Би сакал да им се заблагодарам на сите што ја поддржуваат нашата работа во клубот и едвај чекам да се сретнам со навивачите на стадионот“ – рече Дориан.

Во својата кариера Бабунски тргна преку младинските тимови на Реал Мадрид, па играше за Фуенлабрада, Олимпија, Радомље, Мачида, Кагошима, Ботев Враца, Дебрецин, Грасхоперс и Сепси.

- Оглас -

Најнови вести