Дончиќ го „растури“ и Чикаго, Лејкерси ставија крај на победничката серија на „биковите“ (Видео)

Лука Дончиќ одигра феноменален натпревар и со 46 поени, 12 асистенции и седум скока ја донесе победата за ЛА лејкерс од 129-118 на гостувањето кај Чикаго. Лејкерс со овој триумф ја прекинаа победничката серија на домашниот состав од четири натпревари.

Поддршка за Дончиќ беше Леброн Џејмс со 24 поени, од кои дури 20 ги постигна во првото полувреме, додека Руи Хачимура додаде 23 поени со одличен шут од игра 9/11. За Езерџиите ова е победа во четвртиот меч на турнејата од осум гостувања.

Резултати: 

Кливленд – Орландо 114-98
Бостон – Портланд 102-94
Чикаго – ЛА лејкерс 118-129
Хјустон – Мемфис 108-99
Минесота – Голден стејт 108-83

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести