Дориан ќе слави против брат му Давид Бабунски!?

2807 Архус – Нордсјиланд (19.00 часот)

Архус сезоната во данската лига ја почна со победа над Вејле од 1-0, а и во второто коло ќе игра дома, но против Нордсјиланд, кој во првото коло го надигра Виборг со 4-1. Архус по поразот од 0-3 од Клуб Бриж, веројатно ќе се прости од Европа в четврток и ќе му остане да се бори само на домашниот фронт. Пролетоска, двата меѓусебни дуели на овие екипи завршуваа со 0-2 гола, есеноска играа поефикасно со 2-5 гола, а интересно е дека имаат низа од девет меѓусебни дуели во кои никогаш не победил тој што бил во улога на домаќин.

Предлог тип: 2 (2.60)

 

2608 Сириус – АИК Стокхолм (19.00 часот)

Сириус има три порази во последните четири меча во шведската лига, додека АИК е уште подолу на табелата, загрозен е од испаѓање, но се крева, во последните четири кола освои 7 бода. АИК е втор најнеефикасен тим во лигата, а Сириус ја има една од најлошите одбрани. Член на Сириус е голманот Давид Митов Нилсон. Сириус уште од мај нема нерешено, но последните пет меѓусебни дуели на овие тимови, од кои два беа пријателски, завршуваа со реми.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.80)

 

2204 Дебрецин – Мезоковешд (20.00 часот)

Ова е меч од првото коло во унгарската лига, а средбата е интересна и за македонската јавност бидејќи станува збор за братско дерби помеѓу Дориан и Давид Бабунски. Дебрецин е фаворит на хартија, тоа е тим за кој сега игра Дориан, а во минатата нивен член беше и Давид Бабунски. Во минатата сезона двата меѓусебни дуели на овие екипи завршуваа со минимални победи на Дебрецин од по 1-0. Цели пет години немало нерешен исход во нивните пресметки.

Предлог тип: 1 (1.88)

 

5603 УС Монастир – Ал-Наср (21.00 часот)

Кристијано Роналдо и другарите играат меч од Арапскиот клупски куп на шампиони против тунискиот Монастир. Иако Монастир е официјален домаќин, овој меч се игра на стадионот во Таиф, во Саудиска Арабија, па Ал-Наср би требало да има поголема поддршка од трибините. Ова е клучен меч за Ал-Наср бидејќи во првото коло одиграа само 0-0 со Ал Шабаб, па ако не слават денеска, ќе имаат проблем да го освојат првото или второто место во групата во која фаворит е египетски Замалек, а првите два тима одат во нокаут-фазата.

Предлог тип: 2 & 2-4 (1.81)

 

2835 Кефлавик – Хафнарфјордур (21.15 часот)

Кефлавик е последен на табелата во исландската лига се бори за опстанок, додека Хафнарфјордур е во горната половина и целта му е пласман во плејофот, но тимот е во криза, има три порази едноподруго. Кефлавик има само една победа во 16 кола, најнеефикасен тим е во лигата, но има три ремија во последните пет кола и даде дури седум гола во последните три меча.

Предлог тип: Т2 2+ (1.74)

- Оглас -

Најнови вести