Македонскиот репрезентативец Доријан Бабунски продолжува со одличните игри за тимот на Дебрецин во унгарскиот шампионат.
Дебрецен по првото полувреме против Вашаш во рамки на 14-то коло во Унгарија, има предност од 0:3, а во листата на стрелци се запиша и Бабунски.
Тој во 38-та минута постигна гол за водство од 0:3 на Дебрецин кој се наоѓа пред нова победа.
Доријан Бабунски досега постигна четири гола за својот тим во унгарскиот шампионат и заедно со Балаш Џуџак се први стрелци во својот тим.