Дортмунд не може до титула, но им треба еден гол за клупски рекорд

Баерн Минхен синоќа ја обезбеди својата осма титула по ред во Бундеслигата, а Борусија Дортмунд, која долго „им дишеше во врат“ на Баварците, иако е отпишана од трката за титулата, има мотиви до крајот на сезонава. Екипата на тренерот Луцијан Фавр досега има дадено 82 гола, што е изедначување на клупскиот рекорд според ефикасност од пред четири сезони.

Затоа Борусија, која чека на титула во Германија од 2012 година, за утеха може да се задоволи барем со клупски рекорд по бројот на постигнати погодоци во една сезона.

До крајот на сезонава останаа уште три кола, во кои Борусија треба да се сретне со Мајнц, Лајпциг и Хофенхајм. За очекување е уште вечерва да погодат против Мајнц и да постават нов рекорд кој може да го подобрат во последните два настапи.

- Оглас -

Најнови вести