Левандовски доволно за рекордна осма титула во низа за Баерн Минхен (видео)

Баерн Минхен и официјално ја одбрани титулата во Бундеслигата, односно ја освои по 30-ти пат во клупската историја, или осми пат во низа со минималниот триумф од 1-0 на гостувањето кај Вердер Бремен.

Роберт Левандовски со својот 31-ви погодок во Бундеслигата ја донесе победата во 43-тата минута, а тимот на Ханси Флик успеа да го сочува минималното водство, иако во последните десетина минути играше со играч помалку.

Баерн со оваа победа дојде до 76 бода, 10 повеќе од Борусија Дортмунд, која утре треба да го одигра дуелот против Мајнц во рамките од 32-рото коло.

https://twitter.com/ing_deportiva/status/1272972144574517249

Во останатите два меча, Фрајбург ја совлада Херта со конечни 2-1, Унион Берлин со минимални 1-0 славеше против Падерборн.

- Оглас -

Најнови вести