Мајнц е вистинска сензација оваа сезона во Бундес лигата, па откако со пресврт го победи Лајпциг на гостински терен, се искачи на четвртата позиција на табелата, место кое носи пласман во Лигата на шампионите. „Биковите“ беа големи фаворити и одлично го отворија мечот, со оглед на тоа дека дојдоа во водство уште во втората минута преку Чави Симонс. Сепак, во вториот дел следуваше комплетен пресврт со головите на Амири во 52-рата и на Буркард во 58-мата минута за голема победа на Мајнц.
Борусија Дортмунд полека, но сигурно, излегува од резултатската криза, па после победата од 6-0 над Унион Берлин, попладнево го совладаа Ст. Паули со 0-2 на гостински терен. Иако се далеку од врвот, сепак борбата за излез во Европа е реалност за „милионерите“. Заостанувањето од четвртото место е шест бода, додека од седмото само три.