Ѓоковиќ нема да чека до Отвореното првенство на Австралија, ќе игра и претходно на еден турнир

Српскиот тенисер и 24-кратен гранслем-шампион, Новак Ѓоковиќ, ќе ја започне новата сезона на АТП 250 турнирот во Аделаида, Австралија.

Покрај 38-годишниот Србин, на турнирот ќе настапат Џек Дрејпер, Стефанос Циципас, Томи Пол, Јиржи Лехецка, Алехандро Давидович-Фокина и други. Турнирот ќе се одржи од 12 до 17 јануари и ќе биде генерална проба пред Отвореното првенство на Австралија на кое Новак има рекордни десет титули.

Актуелен шампион на турнирот во Аделаида е Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим, кој го победи Американецот Себастијан Корда во финалето во 2025 година.

- Оглас -

Најнови вести