Досега немало ваква ситуација во историјата на Светските првенства

На неполни 24 часа до почетокот на Светското првенство во Катар стигна веста дека Карим Бензема се повреди и нема да може да биде дел од составот на Франција. Ова е голем удар за Галските петли, но и разочарување за сите навивачи во светот, кои нема да може да ги гледаат мајсториите на официјално најдобриот фудбалер во светот, во изборот на „Франс Фудбал“.

Бензема неодамна ја доби „Златната топка“ која се доделува на најдобриот фудбалер во тековната година. Францускиот голгетер во тој избор заврши пред второпласираниот Садио Мане, кој истотака нема да настапи на Мундијалот.

Капитенот на Сенегал се повреди и без разлика колку тој имаше желба да игра, на крајот беше потврдено дека нема да може да биде дел од планетарниот собир. Со тоа што ниту Бензема ниту Мане нема да бидат на терените во Катар, тоа ќе биде прв пат, двајцата најдобри фудбалери во изборот на „Франс фудбал“, да не бидат дел од Светското првенство.

- Оглас -

Најнови вести