Гари Малеј е трет голман во тимот на шкотскиот прволигаш Ливингстон. Тој пристигна во клубот во 2016 година и не успеа да се избори за стандардно место, па дури ја загуби и опцијата да биде резерва.
Неговиот договор со Ливингстон истекува на крајот од сезонава, а челниците на клубот се решија за еден интересен потег. Преку официјалниот твитер-профил на клубот побараа од навивачите да гласаат за тоа дали треба голманот да добие нов договор или да му дозволат да си замине.
„Ова е можеби и прв ваков случај во фудбалот, ви даваме можност вие да решите за нашиот голман“, стои во објавата на клупскиот твитер-профил.
Досега гласале повеќе од 170.000 фанови, а 70 отсто од нив се Малеј да добие нов договор со Ливингстон.