Српскиот одбранбен играч Никола Максимовиќ (29), останува во Италија, но од Наполи се сели во Џенова. Засега договорот уште не е официјализиран, но ако тоа се случи наскоро и Никола биде регистриран навреме, би можело да биде во составот на Џенова на неделниот меч токму против Наполи.
Во минатата сезона, Максимовиќ за Наполи одигра 27 меча во сите натпреварувања. Екссоиграчот на Елиф Елмас ќе биде нов тимски колега на Горан Пандев, а со популарните Грифони ќе потпише четиригодишен договор.