Бомбата со која ќе ја скинеше мрежата во голот на летонскиот голман, потсети дека Елиф Елмас е одличен фудбалер на кој му требаат вакви моменти се враќање на самодовербата.
Елмас не добива голема минутажа во клубот Лајпциг, а и за националниот тим имаше долг пост без постигнат гол, и затоа овој погодок вечерва е важен за негово кревање и веруваме подобри изданија на Дијамантот.
За Елиф ова беше прв гол после пауза од 11 месеци, прв гол во 2024 година, а за Македонија немаше погодено од 12-ти септември минатата година кога со 2-0 победивме на гости против Малта. Од тогаш, поминаа десет меча за репрезентацијата на кои Елмас не го најде патот до голот.
Elif Elmas, other than the 3pts of course, easily the biggest positive today.
Confidence grew throughout the game, flicks, tricks, a wonderful chipped pass for the 1st goal & a deserved goal at the end.
A happy & confident Elmas is a pleasure to watch.pic.twitter.com/3yxmua6M8T
— Football Macedonia (@MacedonianFoot_) October 10, 2024