Доста беа тепачки, време е за фудбал: Објавени почетните состави за финалето во Конференциската лига

Тренерите Мануел Пелегрини и Енцо Мареска ги објавија почетните состави на Бетис, односно Челзи за вечерашното финале во Конференциската лига.

Шпанскиот тим ќе биде во формација 4-3-3 со Антони, Ез Абде и Бакамбу во нападот, додека Челзи е во 4-2-3-1, со Џексон во шпицот и Мадуеке, Палмер и Педро Нето како поддршка од втор план.

Фановите на двата тима синоќа и денеска правеа серија инциденти низ Вроцлав и се тепаа меѓу себе и со полицијата, а сега ќе мора да се смират и фудбалот да биде главен, сепак се игра за европски трофеј. Квотите во Sport Life велат дека Сините од Лондон се фаворити, но Бетис не смее да биде потценет, шпанските екипи имаат низа од 19 победи по ред во финалните средби против тимови кои не се од Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести