Ракометарите на Еурофарм Пелистер одиграа нерешено, 34-34, против ПСЖ на последниот домашен меч во Лигата на шампионите. Битолчани дојдоа до реми на три секунди пред крајот на мечот со голот на Дејан Манасков, кој доби шанса да реализира преку контра.
Актуелниот шампион на Македонија имаше водство од два гола предност на девет минути пред крајот, а потоа и негатива од два гола, па ремито е најреалниот исход во Битола. До крајот на групната фаза од Лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер ќе гостува кај Барселона.
Битолчани се на седмото место од осум екипи и без шанси за пласман во разигрувањето, со оглед дека шесттата позиција, на која во моментов е ГОГ е недостижна.
Филип Кузмановски со 10 гола од 12 обиди беше убедливо најдобриот поединецот во редовите на Еурофарм Пелистер.

