Досуди пенал за Сити против Реал и постави нов рекорд во Лигата на шампионите

Францускиот судија Клеман Турпан постави рекорд во Лигата на шампионите, откако досуди пенал за Манчестер сити на натпреварот против Реал Мадрид (2-3). Со ова, тој стана арбитарот со најмногу досудени пенали во историјата на натпреварувањето, вкупно 29.

Турпан ја достигна оваа бројка во својот 53-ти меч во ЛШ, што значи дека во просек суди 0,55 пенали по натпревар. Со последниот пенал ја надмина досегашната граница од 28 досудени пенали, која ја држеше германскиот судија Феликс Брих (28 пенали на 69 меча).

Неговиот прв меч со досудени пенали во Лигата на шампионите беше Арсенал – Андерлехт (3-3) на 4 ноември 2014 година, кога досуди две најстроги казни – една за Топчиите“, реализирана од Микел Артета, и една за белгискиот тим , кој ја претвори во гол Антони Ванден Боре.

Турпан останува една од најконтроверзните фигури меѓу судиите во Европа, а со оваа статистика ќе биде уште повеќе под лупа на фудбалската јавност.

- Оглас -

Најнови вести