Ливерпул подготвува нов договор за Алексис Мекалистер

Раководството на Ливерпул има намера во најкраток рок да започне преговори за продолжување на договорот на Алексис Мекалистер.

Приоритет за Црвените е долгорочно да го обврзат аргентинскиот играч од средниот ред, кој се наметна како клучна фигура во тимот по неговото доаѓање од Брајтон во летото 2023 година.

Овој потег е условен и од зголемениот интерес за фудбалерот, бидејќи, според информациите, Реал Мадрид подолг период внимателно ја следи ситуацијата околу Мекалистер. Токму поради тоа, Ливерпул сака навреме да го неутрализира надворешниот притисок и да ја обезбеди иднината на еден од своите најважни играчи.

Во тековната сезона, 27-годишниот светски шампион има постигнато еден гол и има запишано две асистенции на вкупно 24 настапи во сите натпреварувања. Неговиот договор со Ливерпул важи до летото 2028 година.

- Оглас -

Најнови вести