Драчево доби милионер!

Еден милион, или со бројки 1.000.000 денари заработи еден прогнозер кој вчера на уплатно место на Sport Life во скопско Драчево, уплатил 3.400 денари на тикет со 11 фудбалски парови. Квотите се движат од 1.41 до 2.25.

Пргонозирано е дека Арис ќе даде два гола (тоа беше направено во прво полувреме), Хакен да не победи против Норчепинг (гостите победија со гол во 88-ма минута), триумф на Слован Братислава (победи со 1-0), единица на Малатијаспор, која излезе лесно со оглед на победата од 4-0, слично како и на Партизан – Спартак, каде што освен кецот, чекал и домашните да дадат два гола.

ЈУНУЗОВИЌ И ШНАЈДЕР ПОГОДУВАА ВО 94-ТАТА МИНУТА ЗА ТИКЕТОТ ДА БИДЕ БЕЗ УТКА

И единицата на Олимпијакос против АЕК беше заокружена без поголеми проблеми, а драма преживувал благодарение на мечот Салцбург – Рапид Виена. Прогнозата е победа на домашните, а притоа и гостите да дадат гол. Квотата 2.25. Работата одеше добро, но во 87-мата минута Рапид изедначи на 2-2. На драчевецот му требаше победа на домашните, а неговите молитви ги послуша Јунузовиќ во 94-тата минута, со погодок за 3-2.

Сигурно не му било пријатно по првите 45 минути на „Енфилд“ бидејќи имаше типувано победа на Ливерпул, а Тотенхем водеше со 1-0. Сепак европскиот првак направи пресврт за радост во Драчево.

Огромна доза на среќа прогнозерот имаше и со погодокот за типот Х2 на мечот од втората германска лига помеѓу Нирнберг и Јан Регензбург. Гостите во 94-тата минута со голот на Шнајдер се спасија од пораз, а прогнозерот можеше да почне да слави.

Се чекаше и Бачка Топола да не го победи Пролетер во српската Суперлига, мечот заврши 1-1 со голови во првото полувреме, а одиграна е и единица на дуелот Силекс – Струга Трим Лум. Кратовци победија со 1-0, со гол во средината на второто полувреме.

И овој милионски тикет потврди дека покрај знаење и претчувство, потребна е и голема доза на среќа, како и храброст да уплатите не баш мала сума на пари на тикет со 11 парови.

Милион денари од Sport Life во декември ќе добие и победникот на играта „Втора шанса за милион“, за која повеќе детали можете да најдете тука.

- Оглас -

Најнови вести