Драгиша Гудељ повторно колабираше на терен (Вознемирувачко видео)

Српскиот фудбалер Драгиша Гудељ, повторно колабираше на терен среде натпревар и овојпат можеби навистина треба да размисли за крај на кариерата додека не се случила поголема трагедија.

Братот на Немања Гудељ кој игра за Севилја, падна за време на мечот на Мељила и Кордоба, а брзо се исправи на нозе, но беше тотално дезориентиран. Веднаш беше пренесен во болница и од клубот информираа дека добро се чувствува.

Инаку тој и во март имаше срцев застој среде меч и тогаш му беше вграден дефибрилатор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести