(Видео) Драговски е голем талент – На 21 година веќе е рекордер во Серија А

Бартоломеј Драговски бранеше импресивно за Емполи против Аталанта и со 17 интервенции е нов рекордер во Серија А.

Домаќините се обидуваа од сите можни ситуации да го совладаат младинскиот репрезентативец на Полска, но тој беше несовладлив и се запиша во историјата на Калчото како голман што одбранил најмногу удари на ист меч.

Дел од реакциите на 21-годишниот голман беа феноменални, особено двојната одбрана, кога Хатебур и Масиело во ист напад одблизу не успеаја да ја минат последната пречка, извонредниот голман на Емполи, Бартоломеј Драговски.

Погледнете ги сите одбрани на полскиот голман на мечот во Бергамо што заврши без голови.

- Оглас -

Најнови вести