23.8 C
Skopje
сабота, 20 септември 2025

Драма на „Маракана“: Бошко Ѓуровски се онесвести на комеморацијата за Дејан Миловановиќ (Видео)

Денес во просториите на Црвена ѕвезда на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград се одржа комеморација за прерано починатиот Дејан Миловановиќ. 42-годишниот поранешен капитен на „црвено-белите“ и репрезентативец на Србија, ненадејно почита од срцев удар на меч за екипата на ветераните.

Како претседател на здружението на ветераните, за Миловановиќ зборуваше и Бошко Ѓуровски, но тогаш се случи вистинска драма. Македонската легенда се затетерави и се сруши на подот, а присутните веднаш притрчаа да му укажат помош.

Од Црвена ѕвезда информираат дека Бошко Ѓуровски изгубил свест, но по укажаната медицинска помош се чувствува добро и е во стабилна состојба.

- Оглас -

Најнови вести