Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, Дидие Дешан, изненади со списокот на повикани фудбалери, откако и втор прозорец по ред го нема Килијан Мбапе. Sвездата на Реал Мадрид е главен фудбалер и на „триколорите“, но и капитен, а Дешан ако за првиотпат рече дека не го повикал за да заздрави од повредата, за вториотпат немаше некое објаснува.
Дешан коментираше само дека „вака е подобро“, но сега француските медиуми откриваат голем скандал, според кој, Мбапе одбива да игра за Франција додека Дешан е селектор. Според нив, капитенот на Франција е подготвен да отсуствува од репрезентацијата се дека не се решат проблемите меѓу него и селекторот, иако не се открива од каков тип се тие проблеми и за што станува збор.