0.8 C
Skopje
недела, 18 јануари 2026

Драма во Хернинг, остануваме со шанси за втора фаза

Македонија одигра 29-29 со Португалија во решавачкиот драматичен меч за пласман во втората фаза на Европското првенство во ракомет за мажи кое се одржува во Данска, Шведска и Норвешка.

Еден напад го решаваше исходот, се ивлековме од пораз.

Сега останува само уште дуелот со Романија на кој нашите ќе бидат фаворити на хартија и ќе имаат прилика да одат понатаму ако ни се поклопат резултатите.

На пауза имавме два гола негатива, а во второто полувреме Португалија ги даде првите три гола и веќе во 34-та минута имаа голем плус од 18-13. На крај се покажа дека овие неколку лоши минути на стартот на вториот дел беа една од причините што момците во црвено-жолти дресови не го добија мечот.

Откако Португалија се одлепи, и Фалангата малку стивна, но момците во црвено-жолти дресови не се предаваа и намалија на 21-23 на што противнкот одговори со два гола по ред. Немаше предавање, дојдовме на 26-26 во 55-та минута, фановите згрмеа, судиите имаа мало шоу, на крај Порттугалците го имаа последниот напад и се сплеткаа.

Капитенот Кузмановски беше прв стрелец со 15 голови, Томовски имаше 8 одбрани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести