Драма во Мадрид: Атлетико со играч помалку водеше 3:1 против Хетафе, но на крајот не победи

Атлетико Мадрид освои само еден бод на свој терен во дуелот против Хетафе, во меч кој изобилуваше со многу неизвесност и возбудувања. Во 38 минута, Атлетико Мадрид остана со играч помалку, откако црвен картон доби Стефан Савиќ.

И со играч помалку, домашниот тим поведе со 1:0 со голот на Гриезман во 44 минута, што само беше најава за драмата која следуваше во второто полувреме. Мајорал израмни на 1:1 во 53 минута, а потоа Атлетико иако со фудбалер помаллу, даде уште два гола. Мората и Гриезман беа прецизни за 3:1 за домаќините, но Хетафе не се предаде.

Во 87 минута Родригез погоди за 2:3, а во 90+3 минута беше досуден пенал за гостите кои го реализираше Мајорал за конечни 3:3. Хетафе е првиот тим кој сезонава остана непоразен на гостување кај Атлетико Мадрид, а тимот предводен од Диего Симеоне пропушти шанса да стигне до рекордна 21 победа по ред на свој терен.

Севилја беше убедлива на гости и победи со 3:0 против Гранада, додека Рајо Ваљекано дома загуби со 0:1 од Валенсија.

- Оглас -

Најнови вести