Во Шпанија меч за Лига на шампиони, германскиот првак ќе игра со многу голови, Астон вила нема да загуби

1007 Астон вила – Челзи (21 ч.)

Двата клуба играат историски сезони, Астон вила ќе ја памти по добро, а Челзи по лошо. Тимот од Бирмингем е четврти и сам решава дали ќе успее следната сезона да игра во Лигата на шампиони, додека Челзи одамна се прости од европските купови.

На домашен терен сезонава Астон вила има 12 победи од 17 средби, но не треба да се заборави дека Челзи победи на „Вила парк“ во ФА купот со 3:1 и тоа пред само два месеци.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.14)

 

3005 Лацио – Верона (20:45 ч.)

До крајот на сезоната Лацио ќе се бори за место кое води и во Лигата на шампиони, додека за Верона главна мисија е да обезбеди опстанок. На последните пет меѓусебни дуели секогаш имало барем два погодоци, што значи дека треба да се очекуваат голови.

Фаворитската улога е за Лацио, тим кој игра без многу калкулации и има само четири реми цела сезона.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.85)

 

1806 Баер Леверкузен – Штутгарт (18:30 ч.)

Новиот првак на Германија, Баер Леверкузен на свој терен сезонава има 13 победи и само две реми, но факт е дека за ривал денеска го имаат Штутгарт кој е трет на табелата и еден од најопасните ривали. Во есенскиот дел резултатот беше 1:1, а во Купот, Баер победи со 3:2 дома, иако два пати беше во негатива, што е само доказ дека Штутгарт е опасен ривал.

Предлог тип: ГГ4+ (2.65)

 

1305 Атлетико Мадрид – Атлетик Билбао (21 ч.)

Ова може да биде клучен дуел за тоа која екипа ќе биде на четвртото место. Атлетико е со три бода повеќе од тимот од Билбао, а голем плус за Јорганџиите треба да биде и тоа што играат на домашен терен.

Атлетико дома е одличен и има 14 победи, едно реми и само еден пораз, но факт е дека Атлетик Билбао сезонава го победи мадридскиот ривал дури три пати и тоа без да прими ниту еден гол (два пати во купот и еднаш во првенството).

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.71)

 

1959 Фенербахче – Бешикташ (18 ч.)

Фенербахче не смее да си дозволи кикс дома ако сака да остане во чекор со лидерот Галатасарај во трката за титулата. Фенербахче сезонава дома во 16 меча даде 48 гола (просек три погодоци на меч) и тоа е тимот со најефикасен напад.

Бешикташ е далеку со 35 бода зад денешниот ривал и реално нема големи шанси, но сепак ова е градско дерби и секогаш има посебен предизвик да се игра и да се победи.

Предлог тип: 1&0-3 (2.60)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести