Србија прокоцка голема шанса со победа во Талин против Естонија да го визира настапот на Мундијалот во Кина, но сепак ќе има меч-топка на домашен терен против Израел.
Естонците иако немаат шанса за пласман на СП, одиграа одлично и ја победија Србија со 71:70 и ги закомплицираа работите во групата Л во битката за третото место што води во Кина.
На едно коло до крајот, Србија има 17 бодови на третата позиција, зад веќе пласираните Германија и Грција, и го чека Израел на домашен терен. Израелците имаат 16 бодови и им треба победа во последниот меч, а во одредена варијанта и Грузија се надева на подвиг, ако ја победи Естонија на свој терен и Израел ја победи Србија.