10.8 C
Skopje
сабота, 7 февруари 2026

Имаше речиси половина метар снег, но судијата претерано стриктно ги почитуваше правилата (Видео)

Натпреварот од третата турска лига помеѓу Караманмараш Истиклалспор и 1461 Трабзон не се одигра поради тоа што теренот беше покриен со дебела снежна покривка од 30-40 сантиметри.

Она што го привлече вниманието и овој неодигран меч стана хит, беше снимката кога судиите проверуваа дали има или нема услови за игра, иако беше преочигледно дека нема шанси.

Судијата ептен стриктно ги следеше правилата, и ја фрли топката која не само што не отскокна, туку целата пропадна во снегот. Е, дури тогаш „процени“ дека не може да се игра.

- Оглас -

Најнови вести