Драмата на Кристал палас – Брајтон ги разочара прогнозерите

Даниел М. и Ване Г. со по 10 погодоци се најдобрите прогнозери во шестото коло на Спортска прогноза, но тоа не им беше доволно да добијат вредносни ваучери од Sport Life. Последниот меч од ова коло, синоќешниот дуел меѓу Кристал палас и Брајтон двајцата го типуваа дека ќе заврши со победа на домаќинот и за малку промашија.

Кристал палас водеше со 1:0 и тоа сè до 95-тата минута, кога гостите буквално во последните секунди израмнија на 1:1. Доколку останеше 1:0, Даниел и Ване ќе имаа по 11 погодоци, што ќе им донесеше вредносни ваучери од по 500 денари.

За жал, во ова коло имаше неколку изненадувања кои не беа предвидени од над 2.000 играчи на Спортска прогноза, но затоа уште денеска следуваат нови 13 парс за седмото коло, во кое главната премија останува мобилен телефон „ајфон 12“, кој се добива со погодена Среќна 13-ка. За 12 погодоци вредносниот ваучер е 1.000 денари во Sport Life, а за 11 погодоци тој изнесува 500 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести